Историја
Основана во далечната 1994 година, со само неколку вработени и голем ентузијазам, денес Екстра Меин
прерасна во модерна компанија со над 150 вработени.
Во текот на нашето работење изградивме силен, препознатлив и конкурентен бренд во месната индустрија. Имиџот на модерна, европски ориентирана компанија го градевме преку континуиран развој и инвестирање во најсофистицирана и најмодерна технологија на производство, со што од година во година ги зголемувавме продуктивноста и стандардот за квалитет на нашите производи.
Екстра Меин денес претставува современа индустрија за месни производи, водена од професионален тим, составен од млад и високо образуван кадар, кој сo сигурен и стабилен чекор ги остварува зацртаните планови и цели поврзани со стратегија за развој.
Нашиот најголем успех се нашите верни потрошувачи
Ние сме особено горди на угледот кој Екстра Меин го ужива кај своите потрошувачи, како компанија која произведува и дистрибуира свежи, квалитетни и проверени месни производи. Одличното познавање на културата на исхрана, традиционалните вкусови и потребите на нашите потрошувачи е основата на квалитетот на нашите производи. Понатаму тоа го надградуваме со внимателно одбрани рецептури, како и со употреба на адитиви и зачини од светски познати и признаени компании на тоа поле. Веруваме дека нашите деликатесни производи претставуваат врвно задоволство и дека го задоволуваат вкусот и на најпребирливите гурмани и обожаватели на месни производи.
Технологија на иднината
Тоа што најдобро ја карактеризира Екстра Меин е континуираната инвестиција во најсовремена технологија во областа на преработка на месо и производство на месни продукти, од најреномираните светски брендови.
Инвестирањето во висока технологија значи континуирано квантитативно зголемување на производството, но и квалитативно подобрување на финалниот производ.
За здрава животна средина
Екологијата и чистата околина ни се подеднакво важни во работењето и нашата определба за здрава животна средина е едно од водечките начела во нашето работење.
Управуваме со животната средина, енергетската ефикасност, здравјето и безбедноста во согласност со сите законски регулативи на Македонија (Закон за заштита на животната средина, Закон за отпад, Закон за води, Закон за заштита на воздухот, Закон за заштита на почвата, Закон за хемикалии) и во согласност со HACCP системот.
Секој ден растеме
Потврда за тоа ќе биде изградбата на новиот производствен капацитет на Екстра Меин, кој ќе го претставува врвот на нашиот досегашен труд, залагање и инвестирање во иднината. Новата фабрика на Екстра Меин ќе биде современ индустриски објект, а воедно и симбол за најнова и најмодерна висока технологија за производство на месни производи. Објектот се простира на површина од 6.000м2 и се гради според сите стандарди на Европската Унија.